сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ашраф Хакими ќе се врати во Реал Мадрид

Ашраф Хакими ќе се врати во Реал Мадрид

Ашраф Хакими ќе се врати во Реал Мадрид. Ова го изјави агентот на играчот Алехандро Камано. Мароканецот моментно е на позајмица во Борусија (Дортмунд), но неговиот закуп истекува. Сè уште не е јасно каква ќе биде неговата иднина. Во Дортмунд тој е солиден стартер, додека на „Сантијаго Бернабеу“ ќе мора да работи напорно за да го замени стартерот Дани Карвахал, а клубот на оваа позиција ги има и Начо Фернандез и Алваро Одриосола.

Во последните неколку дена има извештаи дека Интер му дал понуда на играчот, но агентот негираше такво нешто: „Нема таква понуда. Ашраф ќе се врати во Реал Мадрид“.

За 21-годишниот талент се заинтересирани и Тотенхем, Челси, Арсенал, Јувентус и Баерн (Минхен). Во Дортмунд, исто така, се надеваат дека ќе можат трајно да го задржат.

– За мојот договор со Реал Мадрид? Мојот агент се занимава со ова и јас не сум многу запознаен со тоа што се случува – не знам колку години ми остануваат. Договорот е истиот што го потпишав во 2017 година, ништо не се смени, рече Хакими. (МИА)