среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Ова се работите кои жените ги сакаат, а на мажите “им се крева косата“ од нив

Ова се работите кои жените ги сакаат, а на мажите “им се крева косата“ од нив

На оваа тема може да се направи еден километарски список. По природа мажите се од Марс, а жените се од Венера, односно постојано се спротивставени.

Затоа издвојуваме неколку работи што жените навистина ги сакаат, а на мажите им се „крева коса“ од нив:

Огромна торба: Жените уживаат во огромни торби во кои може да собере машина за перење, а мажите се чудат како тие се снаоѓаат во нив и како не им е мака да ги носат со себе.

Танцување: Генерално мажите мислат дека се премногу кул за да играат.

Озборување: Мажите не сакаат девојки кои озборуваат. Што не значи дека тие некогаш не се најголеми „трачари“.

Малечки кученца: Мажите не можат да ги смислат чивавите и останатите мали кученца, особено ако се облечени во слатки џемперчиња или фустанчиња. Куче си е куче, да лае и да чува…

Мидер: Мажите не сфаќаат зошто жените носат мидери, односно затегнувачи кои се навистина неудобни.

Љубовни серии: Мажите не сфаќаат како може жените да гледаат срцепарателни „глупости“ кога на телевизија има фудбалски натпревар. Особено ако се приморани да го гледаат на малиот телевизор.

Шопинг: Последна, но и најомразена активност за машкиот пол. Повеќето мажи се расположени да се испокараат пред да шетаат неколку часови по продавници со својата девојка/сопруга.