недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Сведочењата на Јанева и на Боки 13 откриваат дека самиот Заев го рушел СЈО

Сведочењата на Јанева и на Боки 13 откриваат дека самиот Заев го рушел СЈО

Изминатите денови јавноста беше сведок на сведочењата на обвинетите во случајот „Рекет“ пред судот, каде што самите тие открија дека самиот Заев го уривал СЈО со цел да постигне договор за промена на уставот, односно за промена на името на државата.

Имено, со своето излагања Катица Јанева и Бојан Јовановски посочија дека се работело на план за уништување на СЈО бидејќи институцијата му пречела на Зоран Заев во политичкиот пазар и договори.

Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски рече дека намерно не се вештачи неговиот мобилен телефон поради тоа што може да се докаже дека имал комуникација со лидерот на СДСМ.

– Мојот телефон не се вештачи затоа што имам комуникација со Зоран Заев. Јас сум бил сведок дека они им ветуваа ослободување и олеснување на мерките за да повикаат на референдум и за уставните измени, тврди Јовановски.

Инаку Јовановски пред судот во завршни зборови откри дека Заев ги имал доказите за него.

Дојди да се видиме и ќе се соочиме со доказите“ – порака од Зоран Заев испратена до Бојан Јовановкси на 16. Април. Како можел Заев да знае за доказите кои ги имала Вилма уште на 16. Април ако пријавата е направена на 2. Мај? Кој му ги дал доказите на Заев?

Јас сум сведок и бев – тоа може да се провери многу едноставно доколку има некој интерес да го провери – на 10 ноември 2018 во точно 16 часот во кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев. Сабота како ден.

Од друга страна пак екс обвинителката Катица Јанева во заршните зборови пред судот рече дека се што кажа Боки 13 вчера го поддржувам целосно и се е точно.

„Се што кажа Бојан вчера го поддржувам целосно и се е точно“, ова беа завршните зборови на обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева пред судот.

Јанева во заршните зборови ги покажа своите гласовни способности и пропеа изнесувајќи низа на скандалозни тврдења.
Јанева во своето излагање посочи дека власта на СДСМ има воспоставена целосна контрола врз правосудството, па се одело дури до таму за Зоран Заев да добие ослободителна пресуда за случајот „Поткуп“ да се менуваат закони.

Најнови вести