четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Руски експерт: Над 20 отсто од жителите на Москва стекнаа имунитет на Ковид-19

Руски експерт: Над 20 отсто од жителите на Москва стекнаа имунитет на Ковид-19

Повеќе од 20 проценти од населението во Москва и московскиот регион се стекна со имунитет на коронавирусот, изјави денеска заменикот директор на руското регулаторно тело за истражување од областа на епидемиологијата  Александар Горелов.

Тој рече дека стапката на заболување ќе започне да се намалува кога бројот на лица со имунитет ќе надмине 30 проценти, пренесува ТАСС.

-Кога таа стапка ќе биде помеѓу 60 и 70 проценти, ќе можеме да заборавиме на коронавирусот, рече Горелов.

Според него, вториот бран на епидемијата се очекува во есен, но тој додаде дека тогаш нема да бидат потребни такви строги карантински мерки, како што беше случајот сега. (МИА)