недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Иран ќе го погуби агентот на ЦИА кој им помогнал на Американците да го убијат Сулејмани

Иран ќе го погуби агентот на ЦИА кој им помогнал на Американците да го убијат Сулејмани

Судот во Техеран осуди на смрт Иранец осомничен дека им ја кажал на Американците местоположбата на Касем Сулејмани, славниот командант на елитните ирански сили „Ал-Кудс“, кој загина во ракетен напад од страна на САД претходно годинава, пренесува РТ.

Махмуд Мусави-Мајд, како што е идентификуван од портпаролот на иранското судство, е осуден на смртна казна од револуционерениот суд. Мајд, за кој се вели дека работел за американската ЦИА и израелската тајна служба Мосад, бил изворот на информации за локацијата на Касем Сулејмани.

Генералот Сулејмани, кој се прослави за време на Иранско-ирачката војна во 80-тите, ги предводеше силите „Кудс“ – најтаинствениот дел на ИРГЦ – од 1998 година до неговата смрт во јануари 2020 година.

Тој беше убиен во таргетиран ракетен напад додека патувал од аеродромот во Багдад со неколку свои помошници и команданти на ирачките шиитски милиции. Техеран се заколна дека ќе се одмазди за убиството на Сулејмани уште пред тој да биде погребан во неговиот роден град Керман.

На 8 јануари Иран лансира серија проектили кон две бази во кои се сместени американските трупи на ирачка почва. Нападот, гледан како предупредувачки потег од Техеран, предизвика оштетување на воената опрема, но не предизвика човечки жртви иако кај повеќе од 100 војници подоцна, според Пентагон, биле дијагностицирани повреди на мозокот.

Техеран го известил Багдад пред нападот, а раното предупредување наводно било проследено до американската војска.

Вашингтон подоцна ја бранеше одлуката за атентат врз Сулејмани тврдејќи дека генералот заговарал напади врз американските сили и имал ужасно минато. Сепак, американскиот секретар за одбрана на САД призна дека не видел никакви конкретни докази што укажуваат дека тие напади биле со сигурност планирани.