Додека Владата вчера ја носеше уредбата за плажите во Охрид на видеото кое ни беше испратено од ова туристичко место во Македонија се гледа како никнува нова платформа.
Платформата е буквално во езерото, покрај кејот и пристаништето.
Засега немаме информација дали инспекцијата излегла на терен и дали оваа платформа е легална или уште едно узурпирање на заштитеното езеро од УНЕСКО.
Инаку вчера Владата донесе одлика со која сите кои имале договор за закуп на плажа и истиот е истечен или пак раскинат, мора да ги вратат земјиштата во првобитна состојба, се вели во уредбата која Владата ја донесе на вчерашната седница.
Со неа се опфаќаат и нелегалните стопанственици со плажите во Охрид кои узурпирале 25 локации на охридското крајбрежје.
Проверка нема да вршат општинските инспектори, туку Пазарниот инспекторат и Управата за јавни приходи, кои од нелегалните стопанственици ќе треба да бараат договор за закуп, а пак, доколку тие го немаат, тогаш согласно законите ќе тие ќе бидат казнети, а нивните објекти затворени.