недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Героски: Како резултат на несоодветните мерки на Владата гледаме дека болницата „8-ми Септември“ е на колена

Героски: Како резултат на несоодветните мерки на Владата гледаме дека болницата „8-ми Септември“ е на колена

Од почеток ја критикувам власта во менаџирање на кризата со корона вирусот. Уште од средниот век е познато како треба да се справува со заразни болести и од тогаш постои зборот карантин и како се постапува. Основната стратегија беше лицата да се изолираат, но за истата да биде добра треба да биде поткрепена со соодветни мерки, а не беше така, рече новинарот Бранко Героски во гостувањето на емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

-Мерките требаше да бидат прилагодени и на нашето општество кое е на едно пониско ниво од евроспките држави. Кај нас не значи ако некој има решение за изолација истото и ќе го почитува. Требаше да се најдат начини како секој што е позитвен да заврши задолжително во изолација и како по црногорскиот модел само во државни карантини, рече Героски.

Тој укажа дека сега ги гледаме последиците од несоодветните мерки.

-Што добивме како резултат од несоодветното постапување и мерки болницата 8-ми Септември да е на колена. Луѓето се преморени, исцрпени секој се снаоѓа каоо знае и умее, рече Героски.

Според него сега влегуваме во едно пред Бергамо сценарио.

-За тоа што се случува јасно е кој одговара. Одговара тој што не ја почитува мерката. И владата донесе Уредба за оние кои не ја почитуваат мерката изолација да одат во државен карантин на своја сметка, но никој не го почитува тоа. Владата не ја спроведува својата уредба, својата мерка. Кризата со короната ќе потрае и еден ден ќе мора да се соочиме со последиците и ќе мора да има одговорност, кажа Героски.

Најнови вести