Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денес во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со чешкиот амбасадор Н.Е. Мирослав Томан. Тема на заедничкиот состанок беше борбата против илегалната миграција каде, организацијата на парламентарните избори и справување со пандемија од Ковид-19.
На средбата од страна на амбасадарот Томан беше врачено писмо од чешкиот министер за внатрешни работи Н.Е. Јан Хамачек со кое се потврдува заложбата за продолжување на учеството на чешките полициските службеници во заедничките операции на нашата јужна граница. Професионализмот и искуството на чешките полициските службеници се од исклучително значење за нашата држава.
Од страна на Чулев амбасадарот беше запознат за активностите кои Министерството за внатрешни работи ги презема во насока на успешна реализација на изборниот процес, како и од потребата за учество на набљудувачката мисија на ОСЦЕ – ОДИХР и претставниците на меѓународната заедница. При што тој ја потенцираше важноста на донесување на здравствениот протокол кој е важен елемент во организација на изборите.
Министерот Чулев изрази благодарност за досегашните донации на Чешка Република за Министерството за внатрешни работи при што потенцираше дека тие значително придонеле за зајакнување на капацитетите и ефикасноста на полицијата.
Двете страни се согласија дека по завршување на изборните процес меѓусебната соработка треба да продолжи со несмален интензитет.