среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Франција не ја исклучува можноста од Брегзит без договор

Франција не ја исклучува можноста од Брегзит без договор

Францускиот државен секретар за европски прашања Амели де Монсалена денеска изјави дека не може да ја исклучи можноста за Брекзит без договор меѓу Брисел и Лондон, иако, како што истакна, постигнувањето на договорот првенствено е во интерес на Велика Британија.

Велика Британија, по три одложувања, на 31 јанари и официјално ја напушти ЕУ.

-На Британците договорот им е многу попотребен. По епидемијата, тие не можат да издржат уште еден шок и нема да имаат пристап до безбедносната мрежа што ја претставува Европа, ниту до фондот за поттикнување, рече Де Монтален во изјава за Радио Европа 1, мислејќи на економските последици од пандемијата.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон  во Лондон му порача дека преговорите за можен договор мора да бидат завршени пред почетокот на есента, но Де Монсален го отфрли ваквиот притисок, пренесуваат британските медиуми.

-Ние нема да попуштиме на таквиот притисок во однос на роковите, на овој спринт што Велика Британија сакаше да ни го наметне, надевајќи се дека ќе се откажеме. Не сакаме договор само колку да имаме договор, туку сакаме избалансиран договор, појасни францускиот државен секретар.

Преодниот рок, за време на кој Велика Британија ќе остане во царинската унија на ЕУ и во рамките на заедничкиот пазар на Унијата, ќе заврши на 31 декември, а Џонсон ја отфрла можноста за негово продолжување.