Американските власти ја идентификуваа жената осомничена за пукањето во централата на ЈуТјуб во Сан Бруно во Калифорнија, јавија американски медиуми повикувајќи се на анонимни извори.
Станува збор за Насим Агдам (39), која живеела во градот Риверсајд, а потоа во Сан Диего.
Жената го познавала еден од ранетите во нападот. Станува збор за маж кој веројатно бил цел на нејзиниот напад. Тој е со прострелни рани и е во критична состојба во болница во Сан Франциско.
Ранетиот е на возраст од 36 години.
Во нападот ранети се две жени на возраст од 32 и 26 години. Полицијата смета дека тие не биле цел на нападот и оти причина за пукањето е домашна расправија.
Жената била вооружена со пиштол и се самоубила.