среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Економија

Колкави ќе бидат новите цени на горивата?

Колкави ќе бидат новите цени на горивата?

Денеска регулаторната комисија за енергетика ќе ги објави новите цени на горивата кај нас. Сите се прашуваме – колкави ќе бидат? Тие, како што знаеме, зависат исклучиво од берзанската цена на нафтените деривати и курсот на доларот.

Се пресметуваат според правилникот за формирање на највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, во кој со навидум сложена формула прецизно е објаснето како се добиваат. Цената на суровата нафта директно не влијае на цените на горивата кај нас, но сепак нафтените деривати на светскиот пазар ги следат нејзините движења.

А таа во последно време полека се стабилизира некаде меѓу 35 и 40 долари за барел, со тенденција на пораст во последната недела. Високи вредности имаше и неделата пред тоа, заради што не би требало да се изненадиме ако од утре плаќаме повеќе за горивата кај нас. Сепак, да ја почекаме регулаторната комисија за енергетика да си го каже своето.