недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дежа ву: Заев не прифаќа премиер Албанец?!

Дежа ву: Заев не прифаќа премиер Албанец?!

-Идејата на ДУИ за премиер-Албанец е само национал-популистички концепт со кој верувам дека ќе изгуби, изајви денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој напомена дека по 17 години време е ДУИ да оди во опозиција.

-Здраво е за државата по 17 години на власт ДУИ да оди во опозиција. ВМРО исто така треба да се обиде да ги освои гласовите на Албанците. Инаку, следниот премиер ќе биде од редовите на СДСМ, рече Заев.

Заев удирајќи му контра на Ахмети, заборави да каже од која националност ќе биде премиерот од „нивните редови“, имајќи предвид дека СДСМ стана мултетничка бизнис кооперација која сега води војна со ДУИ токкму поради истото гласачко тело, на кое пак се решија по губењето на македонското гласачко ткиво, следстено на антинационалните дејанија во изминатите три години.

Од другра страна, истиот тој Заев се колнеше дека нема да го смени ни името, уставот и историјата, дека нема да донесе двојазичност и многу други контра ветувања, кои резултираа со сосема спротивно од кажаното и ветеното од него.

Преводот би бил едноставен, доколку некако успее да се приграби до власта, Македонија ја очекува премиер Албанец, коментират познавачите на состојбите, поведени од досегашното лошо искуство со дејствувањето на Зоран Заев.

Најнови вести