На 21.06.2020 околу 18:30 часот во Полициска станица Кичево било пријавено дека во неговата куќа на ул.„Мицко Станкоски“ во Кичево пронајден е починат Б.С.(65) од Кичево.
Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Кичево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.