Комисијата за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија, по комплетирањето на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2020/21 не му додели лиценца на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.
Лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 добија: Академија Пандев, Македонија ЃП, Работнички, Ренова, Силекс, Шкендија и Шкупи.
Освен Вардар лиценца не им е издадена и на Брегалница, Борец и Струга ТримЛум.