среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Тетово

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Тетово

На 25.06.2020 во 15,40 часот било пријавено дека во Тетово на бул.„Илинденска“ патничко моторно возило „Фоклсваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.А.(23) од Тетово, удрило во пешакот Џ.И.(35) од с.Слатино.

-Во незгодата Џ.И. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.