Бојан Кркиќ, некогашната голема надеж на европскиот фудбал рече дека натпреварот меѓу Барселона и Рома ќе биде преубав за гледање и оти клубот од Рим не е без шанси.
-Тоа ќе биде преубав натпревар, а мечот на Камп ноу ќе биде одлучувачки, изјави напаѓачот.
Кркиќ, кој кариерата за почна во Барселона додаде дека предвидувањата не се сметаат и оти Рома има шанса во овој натпревар.
-Барселона фаворит? Предвидувањата не се сметаат. Рома шанса доколку на Олимпико дојде до добар резултат, а се почнува од вечерва, посочи Кркиќ.
Тој е играч на Стоук, но во моментот е на позајмица во Алавес за кој одигра 13 натпревари и постигна еден гол.
Некогашната голема надеж на европскиот фудбал во кариерата по Барселона играше за многу клубови, меѓу кои се Рома, Милан, Ајакс, Мајнц и сега како играч на Стоук.
Најмногу голови постигна како тинејџер за Барселона (43), но никогаш не успеа да го исполни потенцијалот.