понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Луис се согласи на сериозно намалување на платата во Арсенал

Луис се согласи на сериозно намалување на платата во Арсенал

Бразилскиот дефанзивец на Арсенал, Давид Луис, се согласил на значително помала плата со цел да потпише нов договор со „топџиите“, јавува „Телеграф“ на своите страници.

Поранешниот играч на Челси и ПСЖ го продолжи договорот, иако беше остро критикуван за неговиот настап во дербито со Манчестер Сити. Сепак, финансиската криза што ги зафати екипите поради пандемијата Ковид-19 ги ​​принуди да донесат некои необични одлуки и сериозно да ги ограничат износите што ќе бидат потрошени во следниот трансфер прозорец.

„Телеграф“ објави и дека намалувањето на платата на Луис довело до можноста „топџиите“ да понудат нови договори на Седрик Соарес и Пабло Мари.