Дефанзивецот Стефан Лихштајнер го напушти Аугзбург. Ова го објави самиот фудбалер на својот Твитер.
– Благодарам драги фанови за поддршката. Благодарност до мојот тим. Беше забавно со вас. Ви посакувам се најдобро за иднината, напиша Лихштајнер.
Лихштајнер играше за бундеслигашот од летото 2019 година. Во сезоната 2019/2020, тој настапи на 20 натпревари во германскиот шампионат.