Советот на ЕУ официјално препорача укинување на ограничувањата за патување за 15 држави, почнувајќи од утре.
Од регионот на листата се Србија и Црна Гора. На листата се и Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина, за која се чека потврда за реципроцитет.
ЕУ потенцира дека листата ќе се ажурира на секои две седмици, во зависност од епидемиолошката слика.
Во превод, дури за две недели, Македонија ќе може да се надева дека ЕУ ќе ги отвори границите за нашите граѓани, сето тоа поради лошата реакција на Филипче и Заев, кои пред два месеци се фалеа дека танцуваат одлично со коронавирусот, а потоа и прогласија победа над короната, порака со која делеа флаери меѓу граѓаните, во времето кога посакуваа избори на 14 јуни.
Поради „победата“ на Заев и Филипче, сега граѓаните остануваат во друштво на дел од земјите од „третиот свет“.