Додека светот го тресат протести поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, во Србија се случи инцидент, во кој докторка употреби расистички навреди кон студентка од Ирска.
Инцидентот е снимен и објавен на социјалните мрежи, а се случил додека двете биле во лифт во Нови Сад. Како што тврди лицето што го објави видеото на Фејсбук, разговорот е меѓу професорка на Медицинскиот факултет во Нови Сад и студентка од Ирска. Самата студентка го снимила овој разговор.
„ Излези надвор бидејќи сега е корона“ вели докторката на англиски јазик.
„ Бев веќе и со други луѓе во лифт“ одговорила збунето студентката, но докторката ја прекинува на сред реченица: „Ова е закон во нашата земја“.
По размена на псовки, се чинело дека ситуацијата се смирила, додека во лифтот не влегол уште еден човек.
„ А со него немаш проблеми?“ прашала студентката, на што докторката одговорила потврдно, додавајќи: Со тебе имам проблеми.
А кога студентката ја прашала зошто има проблеми со неа, докторката смеејќи се и` рекла : „ Зошто си црна крава“ мешајќи англиски со српски јазик.
Снимката завршува со студентката која вели: „ Не знам зошто дојдов во оваа земја, ова е ужасно“.