Веста која дојде од Брисел дека Европската комисија признала македонски јазик беше вешто искористена од провладините медиуми и од СДСМ. ЕУ вчера побара од Македонија да го преведе заедничкото европско право на македонски јазик што е и нормално, пишува Република.
Значи не се работи за никакво признавање на македонскиот јазик од страна на ЕУ, туку за обична предлог-рамка која треба да биде одобрена од страна на Советот.
За рамката да биде усвоена потребна е согласност од сите земји-членки меѓу кои и Бугарија.Но и за тоа нема рок кога би се случило. Индикативно е молчењето на источниот сосед, особено сега пред избори. Бугарските власти веќе се изјаснија дека за нив е прифатливо Зоран Заев да биде на власт бидејќи тој има најголемо разбирање за нивните барања од Договорот за Добрососедство.
Оригиналниот текст можете да го видите на следниот линк.
Инаку, Заев фалејќи се дека го сочувале јазикот рече:
„Да, стигна и веста по предлог рамката за нашите преговори со ЕУ, македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе европското законодавство пред да станеме држава членка на ЕУ. Ова нека биде апел да запрат со лагите оние кои со месеци лажеа и велеа дека сме го изгубиле јазикот и да престанат да ни го навредуваат и омаловажуваат јазикот нарекувајќи го ‘северџански‘. Ние зборуваме македонски јазик кој полека станува дел од големото европско семејство заедно со останатите европски јазици. Тоа е патриотизам, тоа е грижа за татковината, за македонскиот идентитиет“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашања по изјавата пред Собранието.
Рече и пак изврте и излажа…