четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Нема да и биде добро: Вељко откри голема тајна за пејачката- еве што му прави Цеца на внукот додека боксерот не е дома

Нема да и биде добро: Вељко откри голема тајна за пејачката- еве што му прави Цеца на внукот додека боксерот не е дома

Еден од најуспешните боксери во Србија и син на Цеца Ражнатовиќ Вељко Ражнатовиќ за српскиот портал „Еспресо“ открива како се снаоѓа во улогата на татко, но и како се снаоѓа Цеца како баба.

Имено откако ја прележа короната тој сега е на неодложлив турнир далеку од својот дом, сопруга и син, а за сето тоа раскажа за српските медиуми.

-Најдов мир во главата кога ја најдов својата сопруга, тогаш се смирив. Малиот Жељко сакам од мене да научи вистински работи. Што значи, интегритет, храброст и одрекување о до каде доведува истото. Кога ќе порасне ќе каже: „Мојот татко тоа го правеше, сакам и јас така“, како што јас правев за некои работи и ги учев од мојот татко, вели Ражнатовиќ.

Тој додава дека многу му помага мајка му, тетка му и сопругата во улогата на татко на неговото дете додека тој не е дома.

Во врска со пејачката вели дека не можат да и го одземат детето од раце бидејќи баш убаво се снашла во улогата на баба.

-Иако не го сака зборот баба, сега сум сигурен дека ова и е најголемиот подарок за неа, вели Вељко.

Најнови вести