Голем број наши здравствени работници, се уште се под голем притисок од корона кризата. Нашите болници се преполнети, секој ден имаме цифри, троцифрени бројки од зарзени, имаме и многу мртви. Нашите молитви треба да бидат со нашите здравствени работници и со сите заболени, а првиот напор што треба да го преземе следната Влада, е да преземе реална и конкретна здравствена политика која што ќе го реши тој предизвик, потоа следуваат многу предизвици, истакна во синоќешната телевизиска дебата на телевизија 21 кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1 Тимчо Муцунски.
-Во Македонија мора да создадеме економска благосостојба, продуктивна економија. Држава која што ќе биде партнер со бизнис заедницата, држава која што ќе ги намли даноците и за сите трговски ентитети, но посебно за младите категории, кој што гледаме се почесто се иселуваат од државата, треба да преземеме конкретни мерки и да ги убедиме да останат тука врз основа на добри деловни услови, рече Муцунски.
Ќе се согласам и со претходните говорници, добри деловни услови претпоставуваат на правна држава нешто што ние го нарекуваме и што по мене е најбитно во владеењето на правосудниот систем, тоа е предвидливост. Вие да знаете дека законите важат за сите, но и ќе бидат применувани од тие што имаат обврска да ги применуваат, посочи тој.