Болка и отечен стомак полн со огромна количина на течност, со дополнителни зголемени вредности на туморски маркери привично покажало дека станува збор за малигно заболување кај 19 годишна девојка која била примена на клиниката за гинекологија и акушерство.
Пациентката имала зголемена температура и и бил направен тест за корона вирус. Тестот покажал дека девојката е позитивна. Од гинекологија таа била пратена на инфективната клиника на лекување. По оздравувањето и добивањето на два негативни теста се вратила повторно на гинекологија. Според гинеколозите ова е потврда дека освен што вирусот ги оштетува белите дробови, црниот дроб и бубрезите мета може да бидат како во овој случај и матката и јајниците.
Од понеделник на клиниката за гинекологија сите пациентки ќе се тестираат со брз тест што за 45 минути треба да покаже дали пациентката е позитивна или негативна.
Од оваа клиника вкупно пет вработени беа ковид позитивни од понеделник се враќаат четворица, а еден се уште е на лекување.