Невремето кое го зафати Скопје во овие моменти носи се пред себе.
Дождот веќе направи проблеми во дел од скопските општини, а според информациите на КУРИР во Кисела Вода по улиците се враќа атмосферската канализација.
Во моментов поради водата отежнато е движењето пешки и со кола во населбата Припор.
Инаку дождот направи и големи проблеми во повеќе скопски населби поради дождот кој се уште врне во главниот град.