недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Героски: Заев следел поединци и се плашел од маргиналци, ова се методи на УДБА од 90 тите

Героски: Заев следел поединци и се плашел од маргиналци, ова се методи на УДБА од 90 тите

Фактите се факти, има опеартивна активност водена со сите нишани, а цел е да се следи една група кои тогашната власт на Зоран Заев го доживува како атак врз власта и тоа како тероризам. Ова ми наликува на праксата од раните 90 години кога тогашните служби беа продолжеление на УДБА, рече новинарот Бранко Героски, на гостувањето на емисијата Заспиј ако можеш на телевизија Алфа, коментирајќи ја објавата на Љупчо Палевски дека се следени активисти на Бојкотирам меѓу кои има новинари, граѓански активисти, политичари и слично.

-Овде имам строго насочена акција. Каква е таа држава и власт која не може да издржи некакви маргиналци, лица со поинакво мислење на Солза Грчева, Љупчо Палевски, Сотир Костов….Ако власта мислела дека тие можат да го срушат и да му наштетат тогаш тоа не не ни власт, ни држава, рече Героски.
Водителот на емисјата Горан Момироски укажа дека според негови сознанија следењето на овие лица било само параван и за низа на други лица кои биле следени.

На ова Героски укажа дека ЕУ бара одамна реформирање на овие служби, и дека треба да се случи промена на низа промени.

-Во суштина би требало да се стесни можноста да се употребува оваа мерка посебно во земја која не е толку на удар од тероризам, радикален ислам. Ние како Македонија сме незначителни, кажа Героски.

Најнови вести