сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Героски: Не можеме да одиме во ЕУ ако не ја смениме свеста, или Филипче требаше да признае дека бил на партиски настан со државно возило

Героски: Не можеме да одиме во ЕУ ако не ја смениме свеста, или Филипче требаше да признае дека бил на партиски настан со државно возило

Европеизацијата на Македонија е промена свеста во Македонија. Еве пример за министерот за здравство, Венко Филипче кој е актуелен поради короната. Тој се качил во службено возило и отишол на настан како министер, ама и по тој настан продолжил и на партиски настан. И сега наместо да се извини гледате каква активност, рекации на партиски ботови следи. Значи за европеизација треба да се смени свеста за ова или нема одење на партиски настан со службено возило. Ако научиме вакви правила на игра ќе можеме се да реформираме, рече новинарот Бранко Героски, на гостувањето на емисијата Заспиј ако можеш на телевизија Алфа давајќи пример во контекст на патот на Македонија кон ЕУ.

-Ова е банален пример. На пример човекот сигурно направил превид, веројатно направил превид, но требаше да признае, рече Героски.

Тој укажа дека ваквите промени ако се случат полесно ќе се спроведуваат реформи и промени секаде.

Најнови вести