Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 2, Владо Мисајловски денеска оствари средба со просветните работници од општина Ѓорче Петров.
Мисајловски пред присутните ја претстави програмата за Обнова, како и приоритетите и залагањата во образованието на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.