Поранешниот француски фудбалер Тиери Анри се вклучи во борбата на Афроамериканците за расната еднаквост во Соединетите Американски држави.
Како тренер на Монтреал Импакт, Анри клечеше 8 минути и 46 секунди во натпревар во МЛС лигата.
Thierry Henry took a knee for the first 8 minutes and 46 seconds of tonight’s game in memory of George Floyd. pic.twitter.com/3n025jVeL5
— TSN (@TSN_Sports) July 10, 2020
На тој начин му оддаде почит на Џорџ Флојд, Афроамериканец, кој почина пред месец дена, откако полицаец му држеше колено на врат скоро 9 минути. (МИА)