Фудбалерот на Реал Мадрид Лука Јовиќ и манекенката Софија Милошевиќ наскоро ќе станат родители, а медиумите пишуваат дека Јовиќ за доаѓањето на свет на својот наследник одвоил голем паричен износ.
Планот е Софија да се породи во Америка нема да се реализира поради ситуацијата со коронавирусот, па фудбалерот има втора опција.
По низата консултации одбрал приватна клиника во Мадрид, каде за породувањето ќе издвојат 25.000 евра, јавуваат српските медиуми.
Породувањето чини малку повеќе од 4.000 евра, но тоа е цената само за главната интервенција, додека останатото дополнително се плаќа. Секој ден поминат во болницата е околу 2000 евра, а ако жената сака да биде во апартман ќе мора дневно да издвои по 5000 евра, можност која ја прифатиле Лука и Софија.