Мажот ја повикал полицијата нешто пред 15 часот и рекол дека има бомба. Полицијата набрзо пристигнала на плажата Фируле, ги евакуирала луѓето од плажата и започнала разговор со мажот.
Полицијата поради дојава за експлозивна направа денеска попладне ја испразни плажата Фируле. После кратките преговори со мажот, инаку сопственик на угостителски објект, кој се заканувал дека ќе разнесе со бомба, тој се предал на полицијата.
-Примивме повик од машка особа, после 15 часот, која кажа дека се наоѓа во празен угостителски објект на подрачјето на Фируле и дека ќе активира експлозивна направа, за 24сата.хр изјавиле од сплитската полиција.
Полицијата набрзо ја евакуирала плажата и започнала преговори. Во локалот, кој инаку повеќе не работи, сопственик бил токму тој.
Фируле е една од најпопуларните плажи и омилено место за прошетка на граѓаните на Сплит.
ФОТО И ВИДЕО: 24сата.хр