Поради влошување на здравствената состојба на таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, судењето за „Меѓународен сојуз“ е прекинато на 30 минути, објавува ТВ 21.
Набрзо дојде и брзата помош која интервенираше.
Не е познато дали судењето ќе продолжи.
Денеска е давање на воведни зборови за предметот, во кој обвинети се Бојан Јовановски, Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, Кристина Блажевска и Миле Јовановски.
Судењето за „Меѓународен Сојуз“ прекинато, му се слоши на таткото на Боки, интервенираше брзата помош
Posted by TV21 on Tuesday, July 21, 2020