Македонската пејачка Зорица Зои Блажевска која го батали пеењето и му се посвети на своето хоби шминкањето денеска има посебен ден за славење.
Имено таа на социјалните мрежи сподели фотографија со својот татко на кого денеска му е роденден.
-Среќен роденден тато да си ми жив и здрав, оваа година да ти биде бериќетна па како што ти кажав до 50-ка да станеш дедо на близнаци, те сакам, напиша Зои под фотографијата.
Инаку таа од неодамна живее во Словенија кај своето момче ракометарот Тадеј Матијашиќ кој играше и во ракометниот клуб Металург.