сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Обвинител на МКС загрижена поради можни воени злосторства во Газа

Обвинител на МКС загрижена поради можни воени злосторства во Газа

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд Фатоу Бенсоуда изрази загриженост поради неодамнешниот бран насилство во Газа, оценувајќи дека е можно Израел и Хамас да извршиле воени злосторства.

Таа во соопштение изрази „голема загриженост“ поради употребата на оружје од израелските сили кон Палестинците за време на масовен протест долж границата на Газа со Израел.

– Насилство над цивили во ситуација во која е Газа, можно е да претставува воен злосторство, наведува таа во соопштение.

Најмалку 30 луѓе беа убиени кога израелски сили отворија оган, додека Израел тврди дека протестите се „завеса“ за напади врз неговата армија.

(Миа)