Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека додека нема целосна контрола врз Појасот Газа, со кој управува Хамас, нема да биде одговорен за тоа што се случува таму.
Изјавата е уште еден удар во повеќемесечните напори на Египет и САД да се изнајде договор што би го маргинализирал Хамас и овозможи враќање на Абас во Газа.
Хамас ја освои Газа од сили лојални на Абас во 2007 година.
Абас ги информираше лидерите на своето движење Фатах дека ги известил Египет за своите барања и чека одговор од Каиро.
Неодамнешните разговори меѓу Абас и негови ривали пропаднаа воглавно поради тоа што Хамас одбива да се разоружа. За тоа време растат тензиите на границата меѓу Газа и Израел каде Хамас води протести во обид да пробие израелско-египетска гранична блокада.
(Миа)