понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Две лица повредени во сообраќајка, со возило излетале од патот

Две лица повредени во сообраќајка, со возило излетале од патот

На 22.07.2020 околу 18.30 часот на регионален пат Превалец – с.Смојмирово, атар на с.Блатец, виничко, патничко возило „фолксваген пасат“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(54) од Виница, излетало од коловозот.

По незгодата, Б.З. и сопатникот Ж.А.(59) од с.Лаки, виничко, биле пренесени во Здравствена установа Кочани за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициска станица Виница.