Постојат неколку причини зошто спиењето во ист кревет со партнерот може да биде помалку романтично отколку што се надевате: ‘рчење, клоцање и вртење, спиење со светло додека партнерот чита… сето ова за многу парови се смета како причина за „развод за спиење“.
Не грижете се – звучи подраматично отколку што е. „Развод додека спиете“ едноставно значи да спиете во одделни кревети. Значи, ако спиењето во ист кревет има негативен ефект врз вас и навистина пречи на можноста за квалитетен сон, можеби е време да направите нешто во врска со тоа.
Дали знаевте дека повеќе од 30% од луѓето според една анкета велат дека се подготвени да поднесат барање за „развод за спиење“.
Зошто треба да размислите за „развод за спиење“?
Подобро спиење, се разбира.
„Има смисла да спиете одделно секој пат кога едниот партнер ќе го наруши сонот на другиот, без разлика дали е ‘рчењето, различен распоред за работа или немирен сон”, вели доктор Крис Винтер кој води клиника за дисфункционално спиење додавајќи: „Барем од време на време”.
Спиењето е навистина многу важно. Висок квалитет на спиење е поврзано со избор на здрава храна, подобри перформанси на вежбање, поефикасна работа и многу повеќе.
„Лошиот сон може да има огромно влијание врз вашата врска“, вели д-р Винтер.
Луѓето се повеќе раздразливи, помалку способни да читаат емоции, повеќе импулсивни и повеќе склони кон депресија ако не спијат соодветно. Важно е дека спиењето е приоритет, за вашето здравје и за вашата врска.
Исто така, постои одредено време кога можете да спроведете „развод на заедничкиот кревет”, на пример за време на бременоста или незгодни работни смени, и ништо не мора да биде трајно!
Д-р Винтер вели дека би било корисно да размислите за спиење одделно, да речеме, ноќта пред важен состанок. Ова ќе ви помогне да го тестирате овој начин на спиење.
Може ли ова да биде лошо за врската?
Д-р Винтер ги охрабрува луѓето да се воздржат од размислување за здрави врски и спиење во ист кревет како заемно ексклузивни.
„Спиењето одделно е личен избор, но мислам дека две лица можат да се сакаат едни со други без да спијат во иста спална соба“, вели тој.
Терапевтот за двојки Шери Аматенштајн вели дека е вообичаено една личност да се вознемири кога другата сака да спие на посебен простор, но таа ги охрабрува сите да ги објаснат своите желби на партнерот и дека спиењето во одделни кревети нема никаква врска со вашите чувства за партнерот. Во исто време, обидете се да не го сфатите тоа лично ако ситуацијата е обратна.
Кои се следните чекори ако сакате да го пробате ова?
Не секој има луксуз на втората спална соба, но ако тоа е случај, размислете за работите што ќе придонесат за тоа.
„Одделни спални соби им даваат можност на партнерот да си ја прилагоди просторијата за спиење според нивните потреби и желби, вклучително и изборот на душек, осветлување и температура“, вели д-р Винтер за основните фактори што придонесуваат за добар ноќен сон.
Ако немате посебна спална соба, еден партнер би можел да размисли привремено да спие на каучот (повторно, пред голем состанок или за време на напорен ден на работа!). Во секој случај, ќе мора да закажете секс или да им дадете предност на спонтаните интимни моменти рано наутро, но еј, сега кога добро спиевте, ќе имате енергија за тоа, нели?