26 јули 1963 година е денот чија зора наместо будење, нов ден и нова надеж за Скопје и скопјани донесе траор, плач, неверување и 1.070 погинати сограѓани.
57 години после катастрофалниот земјотрес, споменот за настраданите живее, онолку силно колку и споменот за солидарноста со која светот му подаде рака на Скопје.
Вечна им слава на жртвите на овој тажен ден.
Скопје се издигна од пепелта и стана симбол на несебичната поддршка и на заедништвото.
Да бидеме горди на ова наше Скопје, нека ни биде водилка и потсетник да продолжиме да градиме заедништво и солидарност!
Фејсбук статус на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.