Македонија ја надмина бројката од над 10.000 вкупно заболени од коронавирус. Бројот на активни случаи на територија на целата држава е 4183, а најголем број има во Скопје и Штип.
Во Скопје активни случаи има 1876 од вкупно дијагностицираните 4660 досега.
Од скопските општини, над 200 болни во моментов имаат Чаир (265) и Аеродром (207), 193 се во Гази Баба, 183 во Кисела Вода, 164 во Карпош, 150 во Центар, 133 во Бутел, 129 во Ѓорче Петров, 120 во Шуто Оризари и 109 во Сарај.
Трицифрен е бројот на активни случаи во осум градови во земјава: 409 во Штип, 284 во Куманово, 278 во Тетово, 234 во Гостивар, 206 во Струга, 189 во Свети Николе, 124 во Дебар и 111 во Охрид.