Власта на Заев стана синоним за криминал, корупција и рекет. Македонија со Заев стана најкорумпираната држава во Европа. Милиони евра изрекетирани пари беа носени во Луј Витон чанти, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Директор именуван од Заев, цела јавност го виде како става снопчиња со пари во својата чанта. Постојат сведоштва дека изрекетираните пари завршиле кај Зоран заев , а исто така се тврди дека Мила Царовска, Александар Кирацовски и други високи функционери на СДСМ посредувале и ја помагале операцијата Рекет во Македонија. Целата јавност слушна дека рекетари палеле возила и се заканувале со знаење и дозвола на Вице Заев.
Власта на Заев знаела, го штитела, а веројатно и организирала криминалот во Македонија.
Заради тоа што заев и власта беа фрлени на криминал Македонија секој ден тонеше се повеќе и повеќе.
Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро, се вели во соопштението на партијата.