петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чесите на протести бараат оставка од премиерот

Чесите на протести бараат оставка од премиерот

Ширум Чешка се собраа илјадници лица на протести со барање за оставка на техничкиот премиер на земјата Андреј Бабиш.

Демонстранти вчера се собраа во 20 чешки градови и во престолнината Прага, барајќи оставка од премиерот, кој победи на изборите во октомври, но неговата малцинска Влада не успеа да го мине задолжителното гласање за доверба во парламентот, одржано во јануари, по што поднесе оставка.

Чешкиот претседател Милош Земан побара од засега техничкиот премиер бабиш да се обиде повторно да формира влада, но преговорите за коалициска влада со социјалдемократите пропаднаа.

МИА