Скопскиот градоначалник Петре Шилегов ниту овој пат не се воздржа од употреба на погрди и навредливи зборови кон политичките опоненти, но овој пат кон советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ.
Имено, во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија, откако Колариќ јавно го праша Шилегов зошто на 24 јули има објавено јавен повик за изградба на парк и летна тераса на местото на Универзална сала, Шилегов во недостиг на аргументи упати навредливи зборови кон Колариќ нарекувајќи ја бедна и ситна.
На ситните и бедни дофрлања нема да одговорам, моето ниво е сериозно повисоко од нивото на Светлана Колариќ, рече Шилегов.