среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: 16 загинати во пожар во трговскиот центар „Камала Милз”

ФОТО: 16 загинати во пожар во трговскиот центар „Камала Милз”

Шеснаесет лица загинаа и над 30 се повредени во пожар во ресторан во трговскиот центар „Камала Милз” во индиската финансиска престолнина Мумбаи, соопшти локалната полиција.

Пожарот пламнал во ресторанот, кој се наоѓа на покривот на четирикатница, брзо ја зафатил целата зграда, информираат локални медиуми, повикувајќи се на полициски извор.

Според првичните податоци, пожарот бил предизвикан од краток спој, соопшти телевизијата Ен-Ди-Ти-Ви.

Според неа, некои ресторани и продавници кои се наоѓаат во комплексот, не ги почитувале мерките за безбедност.

Во гаснењето на огнот, кој траеше повеќе од пет часа, учествувале осум пожарни возила.