сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Тиквешко 10 нови случаи на коронавирус, 8 во Кавадарци и 2 во Неготино

Во Тиквешко 10 нови случаи на коронавирус, 8 во Кавадарци и 2 во Неготино

Десет нови случаи на коронавирус се регистрирани во Тиквешко, осум во Кавадарци и двајца во Неготино, за МИА денеска потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Новозаболените се на возраст од 17 до 63 години, повеќето од женски пол. Некои од нив претходно биле во контакт со позитивен на Ковид-19, а некои не знаеле од каде го добиле вирусот. Сите се со полесна клиничка слика, не се знае само за една личност, која е евидентирана како позитивна, а засега не одговарала на телефонските повици. (МИА)