Синоќа, пак, во 23,50 часот во полициска станица Охрид приведени се две лица од Кичевско на возраст од 21 и 23 години.
При извршена контрола, во нивното патничко моторно возило паркирано кај авто кампот „Градиште“ во Охрид, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во билтенот на СВР Охрид.