сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јунајтед го зема Шмајхел за заменик на Де Хеа

Јунајтед го зема Шмајхел за заменик на Де Хеа

Манчестер јунајтед размислува да го привлече голманот на Лестер, Каспер Шмајхел. Синот на легендата на „црвените ѓаволи“ Питер Шмајхел е на списокот на клубот за да го реши проблемот на голманската позиција. Според раководството, голамнот на „лисиците“ ќе биде најпрофитабилната опција.

На „Олд Трафорд“ се загрижени за настапот на Давид Де Хеа. Шпанецот направи серија необични грешки оваа сезона, а неговата игра не беше блескава последната кампања.

Младинецот на клубот, Дин Хендерсон, ќе се врати во Манчестер Јунајтед по многу успешниот престој во Шефилд Јунајтед. Сепак, Оле Гунар Солскјер не е подготвен да се обложи на него како постојан стартер. Не е јасно дали голманот ќе остане, бидејќи сака гаранции дека ќе игра.

Евентуалниот трансфер на Шмајхел ќе понуди готово решение за проблемот, а на 23-годишниот Хендерсон не му биде дозволено да го продолжи својот развој на друго место. (МИА)