Даница Стојановска од Кавадарци и Ирина Дишовска од Тетово облечени во фустани во боите на Македонија- црвена и жолта со фото сесија од едно од нивните омилени места- од кањонот Матка денеска го честитаа Илинден на сите Македонци.
Овие две девојки се познати планинари кои што ги имаат освоено повеќето балкански планински врвови а нивна особена пасија е алпинизмот.
“Честит Илинден МАКЕДОНЦИ! За борбата за слобода, која никогаш не престанува! ❤️☀️Една е, наша е, НАЈУБАВА Е! ???” -напиша на својот фејсбук профил Ирина Дишовска.
“Со среќа нека ни е денов! ?????? #МакедонијаВечна #ЧеститИлинден“ -напиша на фејсбук даница Стојаноска по повод денешниот празник.
bregalnicki.mk