петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се уште се трага по телото на удавеното момче во Претор

Се уште се трага по телото на удавеното момче во Претор

Нуркачките екипи од Охрид и натаму се во потрага по телото на 16- годишното момче од Ресен што вчера попладне се удави во Претор.

Од полицијата информираат дека околу 18 часот било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И.М. (2004) од Ресен.

Според очевидците, до давањето дошло откако три млади капачи се возеле на педалинка. Од непознати причини педалинката се превртела. Двајцата млади капачи со пливање излегле на површина, а едното од децата не излегло од водата,oбјави Нова Македонија. .

По давењето на младото момче во Претор засега се уште не е извлечено неговото тело од водите на Преспанското езеро.