Корисник на социјалната мрежа Фејсбук објави видео од плажата Градиште.
Според коментарот на видеото, забавата на која се присутни голем број млади лица, а која се одвива на оваа охридска плажа се случила вчера.
Она што загрижува, а што се забележува на снимката е дека и покрај големиот број на заболени од коронавирус во Македонија, младите не ги почитуваат препораките и мерките за држење на физичка дистанца и носење заштитна маска на лицето.