недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Поднесено известување за тетовец кој претепал, силувал и ограбил Србинка

Поднесено известување за тетовец кој претепал, силувал и ограбил Србинка

Секторот за внатрешни работи до надлежното ОЈО поднесе известување против 38 годишниот Ј.Џ. од тетовското село Горна Лешница поради „силување“ и „разбојничка кражба”.

-Во врска со настанот случен на 27.12.2017 година околу 23,00 часот кога М.Б. (24) од Ниш, Р.Србија, пријавила дека откако ја преминала државната граница на нелегален премин и била пречекана од Ј.Џ., со чие што возило се упатиле кон село Пирок, Ј.Џ. застанал со возилото, физички ја нападнал, ја силувал, а потоа и ја ограбил одземајќи и го накитот што го носела со себе, СВР Тетово го расчисти овој случај., информираат од МВР.